Се стега обрачот околу медиумите во Србија, покренати постапки против телевизиите Информер, Курир, Б92 и К1

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Советот на Регулаторното тело за
електронски медиуми на Србија реши да покрене истражни постапки против телевизиските станици Информер, Курир, Б92 и К1 поради потенцијални прекршувања на законот.

Против телевизијата Информер е покрената истражна постапка за 26 пријави за кршење на изборниот молк, два за пријави за изјави од гости и еден за прикриена изборна програма. Против телевизиите Курир и К1 се покренати постапки за изјави на гости, а против Б92 за емитување политичка реклама за време на централните вести.

Членовите на Советот оценија дека Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија треба да заземе единствен став за тоа дали употребата на зборот „блокатор“ е прекршување на Законот за електронски медиуми, бидејќи постојат сосема спротивни толкувања, како и голем број жалби за овој термин.

Најнови вести