Во текот на викендов, поради планирани системски прилагодувања поврзани со новите платни инструменти на ниво на државава, платежните услуги преку дигиталните канали ќе бидат со ограничена достапност, информираат од Стопанска банка Скопје.
Денес, клиентите ќе можат да креираат налози до 14 часот. По тој термин е-банкингот нема да овозможува креирање налози за тековниот ден, ниту налози со иден датум. Ограничувањето ќе важи и во текот на утрешниот ден, односно сè до повторното отворање на системот на 9 ноември.
Известување стигна и од НЛБ банка. Денес од 10 часот, па во текот на викендот, клиентите на НЛБ Банка ќе имаат ограничен пристап до дигиталните канали – интернет и мобилно банкарство.
Целосно ќе бидат недостапни уплатите на банкоматите, но граѓаните ќе можат непречено да повлекуваат готовина. Исто така, без проблем ќе можат да ги користат платежните картички за плаќања на ПОС-терминалите во трговската мрежа и онлајн.