Народна Банка

Со организиран превоз, пензионери од Ресен, Прилеп и Охрид ќе патуваат по пензии во Битола

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска, 7 ноември, Народната Банка за да им излезе во пресрет на граѓаните од Ресен, Прилеп и Охрид, организира автобуски превоз до филијалата на Алта банка АД Битола со цел да си ги подигнат пензиите и социјалната помош.

,,Логистички ова е полесно за организација отколку да се носи готовина во филијалите во овие градови”, изјави вчера гувернерот на Народна Банка, Трајко Славески.

Од 9 неомври, ќе се отворат шалтери и во
Тетово и во Струмица за да може клиентите од овие градови да подигнат до 20.000 денари.

„Од следната недела, неделниот лимит за плаќање со платежната картичка ќе биде зголемен од 10.000 на 15.000 денари.
Третото олеснување се однесува на сите
идни пензии, плати или социјални трансфери кои доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки, граѓаните ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот”, истакна Славески.

Според првиот човек на НВРМ, Алта Банка продолжува да работи, администрацијата е привремена мерка, а состојбата во банката е добра, ликвидна и високо капитализирана.

Најнови вести