ЦЕНИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО ПРОМЕНЕТИ: Што поскапе, а што поевтини?

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Цените на угостителските услуги во октомври 2026 година се зголемени за 1,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека во споредба со септември годинава се намалени за 1,8 отсто.

Во периодот јануари – октомври 2026 година, цените на угостителските услуги бележат зголемување од 2,9 отсто во однос на истиот период од минатата година, додека во споредба со декември 2025 година зголемувањето изнесува 1,5 отсто.

Анализирано по групи, во октомври во однос на септември зголемување на цените е забележано кај храната за 0,1 отсто, алкохолните пијалаци за 0,2 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,1 отсто.

Намалување од 9,9 отсто е регистрирано во групата ноќевања.

Најнови вести