Постарите полицајци Јакуб Кулик и Артур Морански се вистински херои. Тие веројатно спасиле многу човечки животи, не водејќи сметка за ризикот да ги загубат сопствените.
Нивната здравствена состојба е сериозна, но се под одлична медицинска грижа.
Цела Полска е со вас и навива за вашето закрепнување, напиша полскиот премиер Доналд Туск, кој вчера одржа и пре-конференција во врска со крвавиот напад во Краков.
Според последните информации осомничен е 25-годишен полски државјанин, бил фасциниран од екстремно десничарските идеологии и имал „многу радикални“ и „ултранационалистички“ ставови, изјави полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кервињски, на прес-конференцијата.
Во нападот во Краков загинале четири жени и двајца мажи. Најмалку три од загинатите жени биле полски државјанки, а едно од загинатите лица било британски државјанин, соопштија надлежните власти. Полицијата сè уште работи на утврдување на идентитетот на преостанатите две жртви.
Полски државјанин со екстремно десничарски ставови вчера со автомобил влетал на прометниот централен плоштад во Краков и отворил оган, при што убил шест лица, а повредил уште 15, пред полицијата да го застрела и рани, соопштија надлежните власти.
Нападот, кој полскиот министер за одбрана го окарактеризира како „терористички чин“, се случил на Главниот плоштад, во срцето на Стариот град на Краков, кој претставува една од главните туристички атракции во вториот по големина град во Полска.
Според надлежните, 25-годишниот напаѓач со автомобил се движел до повеќе локации на плоштадот, при што на секое застанување отворал оган од автоматско оружје.