Силни експлозии во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Цивилната одбрана издаде предупредување за можна опасност и ги повика жителите да се упатат кон засолништа.
Во нападот е оштетена деловна кула во сопственост на саудискиот нафтен гигант „Арамко”, која се наоѓа во Финансискиот кварт „Крал Абдула“ во Ријад.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија објави дека пресретнала балистички проектили и две крстосувачки ракети истрелани од јеменските бунтовници Хути кон Ријад и јужниот дел на земјата.
Ријад и претходно беше цел на ракетни и напади со беспилотни летала од страна на Хутите, кои се поддржани од Иран.