Варшава

Полскиот премиер се обрати до нацијата во врска со кризата во Уставниот суд

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полскиот премиер Доналд Туск се обрати до нацијата во врска со уставната криза во земјата, предизвикана од суспензијата на претседателот на Уставниот трибунал, Богдан Швјенчковски.

Вчера, кратко по објавата за суспензијата, демонстранти, вклучувајќи го и лидерот на партијата Право и правдата, Јарослав Качински, и крајно десничарски политичари, почнаа да се собираат пред зградата по што беа регистрирани немири.

„Нападот врз Трибуналот и неговите судии е уште едно поглавје во процесот на демонтирање на владеењето на правото во Полска од страна на Право и правда и претседателите Анджеј Дуда и Карол Навроцки“, рече премиерот Доналд Туск.

Владата вели дека претседателот на Уставниот трибунал, Богдан Швјенчковски постојано го кршел законот и ја загрозувал работата на трибуналот. Тој станал шеф на судот за време на поранешната влада на Право и правда.

,,Да ги поедноставам работите, ќе употребам аналогија. Замислете ситуација во која крадец грабнува чанта од постара жена и бега. Кога е уапсен, тој почнува да вика дека се користи насилство против него и го нарекува обид да се врати украдениот плен. Во меѓувреме, некои минувачи, таканаречените политички центристи, предлагаат, за да се реши ситуацијата, крадецот и неговата жртва треба подеднакво да ја поделат содржината на чантата”, истакна Туск.

Туск обвини дека претседателот на Уставниот трибунал, Богдан Швјенчковски ги блокирал судиите избрани од парламентарното мнозинство да ги преземат своите функции во трибуналот.

Протестите поради Уставниот трибунал веројатно ќе го интензивираат конфликтот меѓу проевропската влада на Полска и нејзините противници, главната опозициска партија, национално-конзервативната Право и правда.

Најнови вести