Овогодинешната елка на Рокфелер центарот пристигна во Њујорк, најавувајќи ја празничната сезона. Станува збор за дево старо 75 години, со висина од 23 метри, со дијаметар од 15 метри.
Елката ќе биде украсена со повеќе од 50. 000 разнобојни ЛЕД светилки и крунисана со ѕвезда од Сваровски кристали од 408 килограми.
Официјално елката ќе биде осветлена за време на телевизиска церемонија на втори декември.
Традицијата датира од 1931 година, кога екипите кои го граделе Рокфелер центарот поставиле мала елка украсена со рачно изработени венци. Првата формална церемонија на осветлување се одржала во 1933 година.
Елката на Рокфелер ќе биде изложена до 9 јануари, по што ќе биде преработена во дрвена граѓа за непрофитната организација за домување.