Премиерот Христијан Мицкоски побара Бугарија да го предаде Симеон Михаилов, кој е осуден во „Детонатор” на 12,5 години затвор, а кого Македонија го бара со меѓународна потерница.
„Ние имаме потерница и очекуваме нашите партнери да постапат соодветно на партнерството, бидејќи ние сме партнери со нашиот источен сосед во една друга алијанса којашто се вика НАТО“, изјави Мицкоски.
Министерството за внатрешни работи потврди дека меѓународната потерница по Симеон Михаилов е се уште активна.
Михаилов завчера напладне се појави во вести во живо на бугарските медиуми, додека протестираше пред зградата на македонската амбасада во Софија. Против неговата ќерка, пак, Ива Михаилова, во Кочани се води судски процес каде е обвинета за предизвикување сообраќајка со смртни последици.