случај ива михајлова

МИХАИЛОВА И НА БНТ: Барала до кочанскиот суд да и овозможи таа да учествува на следното рочиште онлајн

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Откако гостуваше на поткаст, Ива Михаилов се појави и на националната БНТ. И во оваа изјава изнесе сериозни обвинувања за психичко малтретирање, следење и нелегални претреси од страна на македонските полициски служби додека престојувала во Кочани.

Ива Михаилова во интервјуто информираше дека нејзиниот адвокат веќе доставил барање до кочанскиот суд да се овозможи таа да учествува на следното рочиште, закажано за денеска, преку видеоконференциска врска.

Сепак, судот го одби барањето на Ива Михаилова да учествува преку видеоконференција како неосновано. На рочиштето не се појави ниту нејзиниот адвокат од Бугарија, Николај Димитров, кој тврдеше дека заедно со Михаилова без проблем ја поминале македонско- бугарската граница.

Обвинителот Игорчо Крстов се спротивстави на барањето на Михајлова за учество преку видеоконференција. Тој посочи дека Обвинителството ја бара Михаилова и дека таа може лично да се појави во судницата, како што го направила тоа и на претходното рочиште.

Против Михаилова која избега во Бугарија, во Основниот суд во Кочани се води судска постапка за сообраќајка со смртни последици.

Најнови вести