Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје секојдневно интервенираат на терен и отстрануваат влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, јамболии и друг несоодветен отпад од канализациската мрежа.

Фрлањето вакви материјали во канализацијата предизвикува затнување на цевките и шахтите, го отежнува протокот и го нарушува нормалното функционирање на системот.

Не фрлајте отпад во канализациските шахти! Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и останатиот отпад одлагајте ги во корпите за отпадоци.

Чувањето на канализациската мрежа е заедничка одговорност. Со правилно одлагање на отпадот спречуваме затнувања и дефекти и придонесуваме за непречено функционирање на системот.
