УСВОЕН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Собранието го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој вкупните приходи се планирани на ниво од
374,2 милијарди денари или пониско
за околу 5,3 милијарди денари на проекциите за 2026 година. Истовремено е направена надолна корекција на
расходната страна. Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари. При тоа нивото на дефицитот во Буџетот останува на ниво од 46,3 милијарди денари.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека приоритет на Владата е да ја зачува економската стабилност и да одговори на предизвиците поради продолжените глобални геополитички случувања.

„Државната каса до крајот на годината е стабилна и е обезбедено финансирање на сите обврски – плати, пензии, исплата на социјални надоместоци, обврски кон
стопанството, како и отплатата на долгови кои доспеваат. Тоа е суштината на одговорното управување со јавните финансии – да се реагира навреме кога
околностите го бараат тоа, да се заштитат граѓаните и економијата и,
пред се, да се гарантира дека државата ги исполнува своите обврски“, изјави министерката Димитриеска-Кочоска.

Со ребалансот обезбедени се дополнителни
3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари за социјални надоместоци и дополнителни 887 милиони денари за здравствена заштита. Дополнителни 1,8 милијарди денари добива Министерството за социјална политика, демографија и млади, за поддршка на ранливите категории, социјална помош, народни кујни и социјални услуги. За редовна исплата на породилните надоместоци се предвидени уште 600 милиони денари.

Министерката уверува дека останува развојната компонента, а државата продолжува да вложува во патната и во железничката инфраструктура, одбраната, комуналните проекти, образованието, земјоделството и во животната средина, како и да ги поддржува општините во реализацијата на локалните инфраструктурни проекти.

Најнови вести