Американскиот претседател Доналд Трамп го повлече потпретседателот Џејмс Давид Венс од преговорите со Иран по неговите отворени критики за војната.
Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл”, Трамп му порача на Венс наместо на Иран, целосно да се посвети на борбата против корупцијата и криминалот во градовите и сојузните држави под демократска управа.
„Не ни треба договор со Иран. Тие
времиња одамна поминаа. Ги имаме нивните пари, стотици милијарди долари, а го имаме и нивниот теснец”, напиша Трамп на социјалните мрежи.
„Волстрит џурнал” вчера објави дека потпретседателот Џ.Д. Венс размислувал за средба со висок ирански безбедносен претставник.
Венс, кој се смета за еден од главните кандидати за републиканската претседателска номинација во 2028, изминатата недела се огради од војната на Блискиот Исток и делумно ги припиша загубите на партијата на среднорочните избори токму на трошоците поврзани со војната со Иран.