„Мајкрософт” целосно ги обнови услугите на платформите „Тимс“, „Аутлук“, „Копилот“ и другите апликации, со што заврши глобалниот прекин.
Повеќе од 24 часа беше оневозможена интернет- комуникацијата на компании и владини институции во светот.
Од „Мајкрософт” објавија на платформата „Икс” дека ги завршиле активностите за отстранување на причината за проблемот и дека услугите повторно се достапни за сите преостанати засегнати корисници и региони.
Причината за нефункционирањето на услугите на компанијата била предизивикана од технички проблем што се појавил за време на претходната надградба на мрежните капацитети.