Покојниот папа Франциск тврдел дека трипати го видел ѓаволот, а еднаш и „портите на пеколот“, се наведува во извадоците од неговиот дневник, објавени во новата книга на аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандез.
Книгата „Приватниот дневник на папата Франциск“ содржи записи што папата, чие световно име било Хорхе Бергољо, ги водел од 1992 до 2024 година, а кои ги откриваат неговите размислувања, грижи, жалења, самокритики и верски убедувања, пренесува Асошиејтед прес (АП).
Фернандез, кој раководи со ватиканскиот Дикастериум за доктрина на верата, изјавил дека Франциск го замолил да помогне во објавувањето на записите од неговиот дневник.