Дирекција за заштита и спасување

ДЗС ОТСТРАНИ И УНИШТИ 2 262 ГРАНАТИ (ВИДЕО)

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Процесот на откопување и безбедно отстранување на поголем број на неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од првата светска војна во непосредна близина на последните куќи во Битола кај ,,Тумбе Кафе” околу 200 метри воздушна линија најпосле е завршен, информира директорот на ДЗС.

Според Ангелов пиротехничарите на дирекцијата за заштита и спасување последните денови ја заокружија бројката на 2 262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби кои што приближно тежат околу 1 тон и 100 килограми, а во себе секоја една од нив содржи по околу 60 грама експлозив или вкупно овде пред нас имаме околу 135 килограми експлозив како дел од убојните средства.

Голема благодарност до пиротехничарите на дирекцијата, еден од двајцата професионално вработени пиротехничари Ѓорѓи Стефанов – Ѓорѓи ти благодарам и голема благодарност до тројцата поранешни припадници на МВР, сега ангажирани со договор за дело во дирекцијата, мои драги соборци од 2001 година, Тошевски Тони поранешен припадник на тигрите, Зоран Смилевски поранешен припадник на тигрите и Пеце Кокаровски поранешен припадник на одделот за антитероризам во МВР, како што реков сите мои драги соборци од 2001, денес повторно заедно со нови предизвици и нови задачи а тоа е безбедноста на граѓаните, и ги повикувам сите граѓани кои што имаат информации или забележале неексплодирани убојни средства без разлика дали се работи за рачни бомби или други типови на гранати, бомби, минофрлачки гранати, од хаубици гранати, авионски бомби бидејќи се наоѓаат и такви поголеми до 100 килограми истото веднаш да го пријават на 112, храбрите пиротехничари на ДЗС ќе дојдат на лице место и истите безбедно ќе ги отстранат затоа што за мене безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место. ,,Сејфти фрст”.

Најнови вести