Собранието ги продолжува прекинатите опозициски пратенички прашања

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Собранието на 130. седница ќе ги продолжи опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Претседателот на Законодавниот дом, Африм Гаши потенцираше дека постоеле разни толкувања на Деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за
поставување прашања. Тој истакна дека согласно поинаквото мислење и интерпретација на Деловникот од страна на опозицијата, Мнозинството се согласило да не се смета паузата, но пратениците во иднина да внимаваат и да не си ги го кратат сопственото време предвидено за поставување пратенички прашања.

Пред пратеници во рамки на денешната седница се и голем број предлог-закони.

Најнови вести