„Ниту една повеќе“: Повик за нов протест против насилството во петок

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Нов повик за протест од иницијативата „Ниту една повеќе“. Повикуваат во петок на протест против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност. Протестот е најавен во 13 часот пред Владата, а доаѓа по многуте случаи на насилство вклучително и последниот кога младата охриѓанка Сара беше претепана од нејзиното момче и фрлена на улица.

„Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА! Се гледаме на улица!, напишаа од иницијативата на социјалните мрежи.

Протест вчера се одржа и во Охрид огранизиран од форумот на жени на СДСМ. Учесниците побараа сериозно да се спречи родово базираното насилство, надлежните институции да понесат одговорност, а истрагите и судските постапки да бидат без политички влијанија.

Протестот се одржа и покрај тоа што семејството на Ѓорѓиеска побара тој да се откаже, а на случајот да не му се дава политичка конотација.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова рече дека насилството врз жените и фемицидот се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

Најнови вести