Министерство за образование

Институтот за историја при Филозофскиот факултет одбележува 80 години постоење

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со организација на меѓународна научна конференција „Од национални приказни до испреплетени истории“, Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележува своето осум децениско постоење.

„Денес, во време на брз проток на информации, различни толкувања на историските настани и се почести обиди за релативизирање на историските факти, улогата на историчарите е особено значајна. Одговорноста на научната заедница е преку аргументирани истражувања, научна објективност и критички пристап да ги утврдува и афирмира историските вистини. Само така можеме да изградиме општество кое ја познава сопствената историја, ги почитува фактите и знае да учи од минатото“, рече Јаневска.

Јаневска изрази уверување дека Министерството за образование и наука останува посветено на унапредување на високото образование и научноистражувачката дејност, на создавање подобри услови за работа на академската заедница и на поттикнување на младите истражувачи.

„Институтот за историја ќе ја има секогаш нашата поддршка и верувам дека во наредните децении ќе продолжи да биде значаен центар на знаење, научна мисла и образување квалитетни кадри, со нови истражувања и достигнувања кои ќе ја збогатуваат македонската историографија и ќе ја афирмираат во меѓународни рамки”, додаде министерката.

Најнови вести