Романскиот национален институт за јавно здравје потврди оти три лица починале од западнонилска треска, а потврдени се 47 лица, останатите се суспектни.
Најголем број заразени вкупно 25 се од главниот град Букурешт.
Романскиот институт издаде препораки до граѓаните. Да избегнуваат изложеност на комарци преку носење облека со долги ракави и долги панталони, користење хемиски средства за заштита од комарци, спречување на влегувањето на инсектите во домот со поставување заштитни мрежи на прозорците, како и исцедување на барите во близина на домаќинствата и отстранување на садовите со застоена вода и на отпадот од домаќинството.
Медиумите во Холандија пишуваат за раст на бројките на заразени со вирусот. 9 инфицирани и едно починато лице. Сите случаи се од провинциите Утрехт, Северен Брабант, Северна Холандија и Јужна Холандија,
Лани во Холандија немало ниту еден случај на заразен со западнонилска треска.