Од регистрираните случаи, 52 се потврдени, а четири се веројатни. Според место на живеење на заболените, 54 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес и Куманово.

Регистрирани се 55 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија. Од регистрираните случаи, 44 или 78,7% се машки, а 12 или 21,3% се женски. Најголем дел се лица на возраст над 60
години 45 (80,4%), седум се лица на возраст од 50-59, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 65,8 години, стои во извештајот.
Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 36 или 64,3% е регистиран во месец август. Кај 17 случаи почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај. Сите заболени со невроинвазивна болест (54) биле хоспитализирани, 53 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во приватна болница. Испишани – 36 или 66,7% од хоспитализираните потврдени случаи;
сè уште на лекување се 12 (22,2%) од хоспитализираните потврдени случаи. Починати се 6 од хоспитализираните потврдени случаи .
Просечно траење на лекување е 13,5 дена.
Во текот на 2026 година, до први месецов регистрирани се 6 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на западнонилска треска со леталитет од 10,7% од регистрираните потврдени случаи.
Сите починати лица се од машки пол и се од Скопје, а просечната возраст изнесува 73,2 години.
Кај пет од починати лица се регистрирани коморбидитети.
На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на западнонилска треска во
општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.