Одложено судењето за „Лотарија“, откако Бајрами се пријави во затворот Скопје

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Управата на КПУ Затвор Скопје го извести Основниот кривичен суд Скопје дека Перпарим Бајрами, прво обвинет во предметот поврзан со Државната лотарија, а кој се бараше со меѓународна потерница, утрово, нешто по 7 часот е спроведен во затворот на издржување на претходно определената мерка притвор.

Заради тоа судот, во текот на денов, на обвинетиот ќе му достави примерок од обвинителниот предлог како би можел да се запознае со истиот, а со оглед да Законскиот рок за увид во предлогот и доказите е 8 дена, расправите закажани за 11 и 16 септември се отповикуваат, а судењето ќе продолжи на 18 септември во 12:00 часот.

Најнови вести