Шпанската полиција приведе маж во чие тело, при контрола на аеродромот во Палма де Мајорка, биле пронајдени 109 пакетчиња кокаин, со вкупна бруто-тежина од речиси 1.353 грама, пренесоа денеска локалните медиуми.
Според надлежните, тој се согласил да биде подложен на рендгенско снимање, а снимката покажала многубројни туѓи тела во неговиот организам, чиј облик и распоред одговарале на пакетчиња што се користат за внатрешно шверцување дрога.
Под полициска придружба и со медицински надзор, тој бил пренесен во болница. Таму по природен пат исфрлил 109 пакетчиња со бела цврста материја, за која било потврдено дека се кокаин.