Цела Шпанија е во жалост по железничката катастрофа во близина на Толедо во која загинаа најмалку 68 лица, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, оценувајќи ја трагедијата како една од најтешките во поновата историја на земјата.
At least 68 people confirmed dead in Toledo, Spain train collision.
— WBC24 (@WBC24News) October 28, 2026
– Недозволиво е земја како Шпанија да преживее две катастрофи со брзи возови во иста година, како овие на кои бевме сведоци – изјави Санчез, потсетувајќи на трагедијата во Адамус, во Андалузија, каде во јануари годинава загинаа 46 лица.
Според најновите податоци на шпанските власти, бројот на загинатите достигна најмалку 68 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат остатоците во потрага по уште тела. Ова е најсмртоносната железничка несреќа во Европа од 2013 година.
Officials say Iryo train carried 146 people and Renfe train carried 397 people when both collided in Toledo, Spain; 50 dead, 179 injured. https://t.co/eyUWaDxgRM
— WBC24 (@WBC24News) October 28, 2026
На местото на несреќата, во близина на еден од возовите што се наоѓа на издигнат дел од железничката пруга, распоредени се бројни амбулантни возила, возила на погребални претпријатија и спасувачки хеликоптери.