На протестите што денеска се одржуваат низ Франција поради високите трошоци за живот, досега се уапсени 27 лица, соопшти француското Министерство за внатрешни работи. Оттаму оценуваат дека ситуацијата во земјата генерално е мирна.
Според податоците на Министерството, до 14 часот на демонстрациите учествувале околу 15.000 граѓани, пренесува „Фигаро“.
Интересот за протестите е значително намален во споредба со претходните недели. Минатата сабота биле регистрирани 37.000 учесници на 108 демонстрации, додека на 17 октомври на улиците низ Франција излегле околу 67.000 луѓе, на вкупно 198 протести.
За споредба, до истиот период минатата сабота биле уапсени 217 лица.