По тој повед во Скопје ќе дојде екипата на Војводина, тим кој од неодамна е филијала на новиот проект Дубаи.
„Сакавме за овој јубилеј да поканиме некој евролигаш, но тоа не беше возможно бидејќи сите клубови имаат распоред за една година однапред. Поради тоа се одлучивме за Војводина, амбициозен српски клуб кој сезонава има амбиции за пласман во АБА лигата”, истакна извршен директор Бранко Радевски.
Претседателот на Работнички, Александар Стојкоски, најави дека клубот е подготвен да се врати на победничките патеки од минатото.
„Им должиме голема благодарност на сите легенди кои биле дел од Работнички и освоија бројни трофеи. Свесни сме дека клубот мина малку потежок период, таа криза кулминираше минатата сезона кога наместо да се бори за трофеи, мораше да се бори за опстанок. Тоа беше јасен сигнал што значеше старт на еден процес – формирање на нова управа со јасна визија и цел како да се продолжи во иднина“ – истакна Стојкоски.