ЦИА објави доверливи извештаи за нападите на 11-ти септември

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На 25-годишнината од терористичките напади на 11 септември, ЦИА објави 69 доверливи претседателски разузнавачки извештаи.

Во нив се наведува дека американската разузнавачка служба уште во 1998 година ја предупредила Белата куќа дека терористичката мрежа Ал Каеда може да насочи авион полн со експлозив кон некој американски град.

Во извештајот од септември 1998 година, испратен до Белата куќа во времето кога Клинтон беше претседател на САД, аналитичар на ЦИА предупредил на можен напад на Ал Каеда врз некој американски град.

Документот е составен речиси три години пред 11 септември 2001 година, кога со киднапирани патнички авиони беа извршени нападите врз Њујорк и Вашингтон.

Најнови вести