Белата куќа потврди дека средбата меѓу Доналд Трамп, Ксји Џјиинпинг и Владимир Путин ќе се одржи следниот четврток во кинескиот град Шенжен, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка – АПЕК.
На состанокот на најголемите нуклеарни сили светот се очекува да стане збор и за Иран, но не и за Украина.
Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс истакна дека Трамп на средбата меѓу другото ќе разговара за намалување на нуклеарното оружје во светот, чие ширење тој го смета за многу опасно.
Доналд Трамп ќе пристигне во Шенжен доцна в среда за дводневниот самит на 21 земја членка на АПЕК. Во четврток тој ќе одржи и билатерални разговори со Шји, што ќе биде нивна четврта средба откако американскиот претседател се врати на функцијата во 2025 година.