Голем пожар избувна во магацин на фабрика за производство на муниција во регионот на Габрово соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи. Поради инцидентот бил активиран системот „BG Alert“.
Според надлежните, нема опасност за населението во блиските населби бидејќи најблиската станбена зона е оддалечена повеќе од еден километар од објектот. Според властите, работниците во објектот се евакуирани. Во магацинот наводно се чувала муниција за извоз во Украина и Грузија.
Ова е втор сличен случај во краток временски период. На 10 август избувна пожар во магацин за муниција на фабриката „ЕМКО“. Окружното обвинителство изминатата недела соопшти дека се уште интензивно се собираат докази и се истражуваат сите теории за причината за инцидентот.