Младиот фудбалер Николковски загина во сообраќајка- Клубот со голема тага се прости од него

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Тажна вест утрово го потресе Тетово, а и цела Македонија. Во раните утрински часови, во сообраќајна несреќа, животот го загуби Даниел Николковски.

Николовски беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжи и во сениорскиот тим, како дел од тетовското фудбалско семејство.

Од ФК Тетекс со голема болка се простија од својот поранешен младинец и сениорски фудбалер.

-Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел. Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим.Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб. На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство, велат од клубот.

Најнови вести