СТРАОТНО: Се преврте автобус во Хрватска, има загинати (ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Тешка автобуска несреќа на автопатот АЗ во Хрватска. Автобус со српска регистарска табличка излетал од патот и се превртел на делницата меѓу Иваниќ-Град и Загреб, рано утрово по седум часот.

Според првичните неофицијални информации, во возилото се наоѓале 33 патници и двајца возачи. Хрватските медиуми објавија дека две лица загинале, но се уште бројката не е потврдена.

,,Во 7 часот и 28 минути наутро, Окружниот противпожарен оперативен центар добил дојава за превртување на автобус на 61 километар од автопатот А3 во правец на Загреб. Во автобусот имало 33 патници и двајца возачи. Според неофицијални информации, можеме да кажеме дека има околу дваесет тешко и полесно повредени, а има и починати. Засега не можеме јасно да кажеме колкав е бројот. На местото на настанот има седум возила и 15 пожарникари од три противпожарни единици. Противпожарната служба на Јавниот округ Иваниќ Град, противпожарната служба на Дуго Село и противпожарната служба на Ругвица моментално се на местото на настанот. Итна медицинска помош е на местото на настанот, згрижувајќи ги лесно и тешко повредените лица, а пожарникарите им помагаат во тоа”, изјави Дарио Кезериќ, командант на противпожарната служба на Загрепскиот округ.

Од силниот удар била оштетена заштитната ограда, а автобусот останал превртен на едната страна.

Најнови вести