Турските власти со голема полициска акција против ЛГБТ-заедницата во 12 провинции, при што се приведени најмалку 26 лица, а според активистите, бројот на приведените е над 50.
Биле запленети дрога, дигитална опрема, шверцуван алкохол и огнено оружје. Организацијата „Kaos GL“ тврди дека полицијата уапсила и над десетмина активисти во нивните домови.
Активистите обвинуваат дека властите блокирале десетици интернет-страници и профили на социјалните мрежи поврзани со ЛГБТИ+ организации и активисти.
Акцијата, која властите ја нарекоа „Моето семејство е безбедно“, е дел од владината кампања за заштита на традиционалните семејни вредности.
Турските власти велат дека истрагите се насочени кон заштита на децата и малолетниците.
Организациите за човекови права, пак, ја осудија акцијата, оценувајќи ја како државно предводена дискриминација и политика на страв.