Клековски: подобар третман на Паркинсоновата болест и на деменцијата

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерот Клековски во посета на Невролошката клиника при Универзитетскиот клинички центар Љубљана, каде остварил средба со д-р Дејан Георгиев, раководителот на неврологија, и проф. д-р Звездан Пиртошек, шеф на Катедрата за Неврологија

На средбата се разговарало за поставеноста и организацијата, како и за подобар третман на невролошките болести, досегашниот напредок во третманот на мутипла склероза и потребите за подобрување на третман на невродегенеративните заболувања: Паркинсонова болест — воведување на длабока мозочна стимулација (DBS) метода во Клиниката за неврологија во Скопје. Деменции — унапредување на Центарот за деменции при Клиниката и подготовка за новите третмани

Со демографските промени и двете болести се во пораст и претставуваат силен здравствен предизвик било истакнато на средбата.

Најнови вести