Од денеска до сабота ќе се прска против комарци во Скопје

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денес до сабота, во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Најнови вести