СДСМ: „ЗНАМ“ прво ја предаде партијата потоа гласачите

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДСМ реагира на отчетот на „ЗНАМ“. Од партијата преку соопштение велат дека ЗНАМ на Максим Димитриевски се родила како проект на Мицкоски за да се урне СДСМ одвнатре.

Додаваат дека тоа се луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ.

Во соопштението наведуваат дека влегле во власта. Станале дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата.

Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта.
Резултатите ги знае народот. Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл.
Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор. Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници. Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми. Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ? СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име. Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена. Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме.

ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата. Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка – тендер. Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно. Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара, стои во соопштението на СДСМ.

Најнови вести