Шампионот Вардар вечерва на домашен терен ја совлада Шкендија Арачиново со 2:0 во третиот натпревар од 8. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Головите паднаа во второто полувреме. Најпрво Бобан Николов го отвори резултатот во 46. минута, Горан Закариќ во 69. го дуплира водството.
Резултати од останатите натпревари:
Шкендија – Башкими 4:1
Силекс – Тиквеш 0:0.
На 21 септември Струга ќе го пречека Арсими. Колото ќе се комплетира на 23 септември со натпреварот Брегалница – Скопје.
Табела: Шкендија 19 бода (8 натпревари), Струга 14 (7), Вардар 14 (8), Тиквеш 13 (8), Шкендија Арачиново 13 (8), Силекс 9 (8), Арсими 8 (7), Брегалница 7 (7), Башкими 4 (8), Скопје 3 (7).