Меѓународниот ден на мирот е воспоставен од Генералното собрание на Обединетите нации во 1981 година преку Резолуцијата 36/67.
Првото одбележување е во септември 1982 година. Денот беше поврзан со отворањето на годишното Генерално собрание на Обединетите Нации и се одбележуваше на третиот вторник од септември. Голема промена се случи во 2001 година, кога Генералното собрание едногласно ја усвои Резолуцијата 55/282.
Резолуцијата го одреди 21 септември како траен датум за Меѓународниот ден на мирот и го воспостави како ден на ненасилство и прекин на огнот.
Темата за 2026 година е „Инвестирајте во мир – за сите, насекаде, секој ден“. Во Обединетите Нации велат дека мирот е повеќе од отсуство на војна. Упатен повик до владите во светот да посветат поголемо внимание на области како што се одржлив развој, образование, здравство, социјална заштита, човекови права, дипломатија, дијалог, преговори и одржување на мирот.
Во време на војна на неколку фронтови во светот, Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ги повика светските лидери да инвестираат во решенија што можат да поддржат траен мир, вклучувајќи одржлив развој, човекови права, дипломатија, дијалог, преговори и мировни операции.