Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски информира дека денска и утре се спроведува нова вонредна дератизација на критични локации во Буњаковец, Капиштец и Градски ѕид, каде што имало пријави за зголемена појава на глодари.
Ова е втора вонредна акција во последните два месеца, покрај редовната пролетна, а наскоро следува и есенската дератизација.
„Но, само дератизација не е доволна. Потребно е редовно празнење и одржување на контејнерите и канализацијата, затоа апелирам до Град Скопје и надлежните градски претпријатија да си го завршат својот дел од работата. Само со заедничко и редовно постапување можеме да имаме вистински ефект на терен“, стои во соопштението.