Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

ВМРО- ДПМНЕ реагира за состојбите во Општина Центар. Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните, велат од партијата и бараат Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го реши паркирањето и ќе го зачува зеленилото.

“Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот. Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото”, праша Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на Општинскиот Комитет Центар.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста.

Најнови вести