Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите, соопштија од Општина Центар.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Најнови вести