Поради најавените временски неприлики за викендот, музичкиот хепенинг наместо на 12 септември ќе се одржи еден ден порано во петок, 11 септември, од 20 часот, во Паркот на Франкофонија.
Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона се подготвени за одлична вечер, а низ програмата ќе нè води Сашко Коцев, соопштија од општина Центар.
Сè останува исто, само се гледаме еден ден порано!
Заедно славиме 50 години Општина Центар и создаваме уште едно „Нешто што ќе остане“.