Од 19 септември нема нови случаи на западнонилска треска

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Четврти ден нема нови случаи на заболени од западнонилска треска. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 12 пациенти, од нив тројца се на кислородна поддршка.

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека продолжуваат мерките за превенција од болеста, меѓу кои и дезинсекција на местата каде живеат пациентите.

Во еден разумен период од три до пет години треба да го напуштиме аеропрскањето и да преминеме комплетно на прскање од земја. Периодот е неопходен бидејќи треба да се подготви механизацијата за тој тип на работа. Има уште неколку искуства од Грција, кои се добри да се применат. Работиме на нив со Центарот за јавно здравје, со Институтот за јавно здравје“, изјави Клековски.

Тој најави построги казни за општините кои не постапуваат по елаборатите одобрени од центрите за јавно здравје.

Најнови вести