45-годишниот Роџер Федерер го зазема заслуженото место меѓу најдобрите играчи во историјата на тенисот.
Швајцарската легенда освои 103 титули, 20 гренд слем турнири и победи на 1.251 натпревари, а помина 310 недели како број еден на АТП листите, вклучувајќи рекордни 237 недели по ред на чело на караванот.
Имаше 10 последователни финалиња на Гренд слем турнири од Вимблдон 2005 до Отвореното првенство на САД 2007, 23 последователни полуфиналиња на Гренд слем турнири од Вимблдон 2004 до Отвореното првенство на Австралија 2010 и 36 последователни четвртфиналиња на најголемите турнири.
Има шест трофеи од финалните Мастерс турнири, 28 титули од Мастерс 1.000 серија турнирите.

Во 24 годишната професионална кариера, тој создаде магија која привлече милиони обожаватели низ целиот свет.