случај „Лотарија"

Сведокот Владо Петковски сослушан во Кривичниот суд

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На новото рочиште за случајот „Лотарија”, сведочеше првиот сведок на обвинителството, Владо Петковски, кој е директор на секторот за игри на среќа во „Државна лотарија”.

Во своето излагање, Петковски говореше за развојните проекти и иницијативи спроведени во мандатот на поранешниот генерален директор Перпарим Бајрами.

За односите меѓу обвинетите Бајрами и Артан Груби, Петковски изјави дека нема непосредни сознанија оти се пријатели, ниту пак присуствувал на нивни заеднички средби.

Сведокот Владо Петковски посочи дека со доаѓањето на Бајрами биле покренати повеќе проекти со цел проширување на портфолиото и зголемување на профитот на АД „Државна лотарија“. Според него, набавките биле поддржани со соодветни анализи и позитивно мислење од УЈП, но процесите со „Ново ВЛТ” и терминалите биле блокирани откако било донесено автентичното толкување на Законот за игри на среќа

Поради одговорите, Јавното обвинителство побара и доби дозвола за вкрстено испитување на сведокот, оценувајќи дека неговиот исказ не соодветствува со очекувањата на обвинителскиот тим, иако тој претходно во истрагата бил испрашуван и во својство на осомничен.

Обвинението во предметот „Државна лотарија”, товари осум лица за пречекорување на службените овластувања и материјална штета од околу 9,7 милиони евра. Сите обвинети се изјаснија за невини, судската постапка продолжува.

Најнови вести