блокади на средните училишта

Продолжуваат протестите во Франција: На средношколците им се приклучија синдикатите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Неколку синдикати, вклучително и главните синдикати на просветните работници, повикаа на поддршка на средношколците во протестите во Франција, при што се најавени маршеви низ целата земја и прекин на наставата во голем број училишта.

Средношколците бараат повеќе ресурси и укажуваат на нехигиенските услови во училишните згради, пренатрупаните училници, непополнетите работни места, особено во социјално загрозените населби, како и на нееднаквостите кои, според нив, ги создава „Parcoursup“, односно француската платформа за прием на факултет, пренесе порталот BFM TV.

Синдикатот на средношколците за денеска го најави „третиот чин на мобилизацијата“, по блокадите на средните училишта во понеделникот и неуспешната средба во Министерството во петокот.

Најнови вести