случај „државна лотарија“

Истекува куќниот притвор на Артан Груби: Од 13 октомври ќе се брани од слобода, нуди 335.707 евра гаранција

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Мерката куќен притвор за Артан Груби ќе истече на 13 октомври по сила на закон, информираат од Кривичниот суд.

-Со оглед на повеќе новинарски прашања поврзани со А.Г., второобвинет во предметот со К.бр. 1201/26, поврзан со Државна лотарија, Основниот кривичен суд Скопје ја известува јавноста дека:

„Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.

Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година.

Воедно, покрај мерката куќен притвор, против обвинетиот е определена и дополнителна мерка на претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница, која ќе продолжи да важи и по истекот на законски предвидените 60 дена.

Во однос на оваа мерка на претпазливост, одбраната до Судот достави предлог, со кој, согласно член 150 од Законот за кривичната постапка, предлага нејзино укинување со определување гаранција.

Имено, одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка.

По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот, а за донесената одлука странките и јавноста ќе бидат навремено известени“.

Најнови вести