ММФ: Високите цени на енергенсите ќе се задржат и натаму

Годишните состаноци на ММФ и Светската банка треба да почнат следната недела во Бангкок.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Високите цени на енергенсите предизвикани од војната со Иран веројатно ќе се задржат одредено време, предупреди директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Дури и ако конфликтот наскоро заврши, високите цени на енергенсите веројатно ќе останат уште некое време, а фјучерсите за нафтата од типот „Брент” предвидуваат високи цени на нафтата се до 2027 година.

Годишните состаноци на Меѓународниот Монетарен Фонд и Светска банка треба да почнат следната недела во Бангкок.

Георгиева предупреди дека ситуацијата на пазарите на енергенси и забрзаниот развој на вештачката интелигенција дополнително ги зголемуваат инфлациските притисоци. Царините, зголемените трошоци за одбрана и високите нивоа на јавен долг, исто така, би можеле да поттикнат раст на инфлацијата.

,,Притисокот врз цените би можел и дополнително да се зголеми како што расте побарувачката и како што се приближува студената сезона на северната хемисфера и како што земјите ги обновуваат своите резерви”, изјави Георгиева пред годишните состаноци на ММФ и Светската банка.

Најнови вести