Сериозен недостиг на нафта во светот поради блокадите на Ормускиот теснец

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Глобалните резерви на нафта се намалени
за една милијарда барели од почетокот на војната на САД во Иран и блокадите на Ормускиот проток, важна поморска рута за транспорт на светската нафта.

Султан Ал Џабер, извршен директор на државната нафтена компанија ADNOC, со седиште во Абу Даби предупреди дека
пореметувањата во синџирите на
снабдување предизвикаа остар раст на
цените на дизелот, кои на многу пазари
достигнаа историски највисоки нивоа. На енергетска конференција во Обединетите Арапски Емирати, Ал Џабер предупреди дека залихите на дизел во одредени делови од светот се паднати на најниско ниво во последните 35 години.

Во исто време и Европскиот комесар за енергетика Дан Јергенсен, предупредува на нова енергетска криза и тешка зима за граѓаните и економијата на Европската унија поради високите цени на гасот и нафтените деривати. Еврокомесарот им порача на земјите членки дека субвенциите за фосилни горива мора да бидат прецизно таргетирани и привремени.

Неколку земји од Европската Унија ќе пласираат на пазарот околу 42,6 милиони барели нафта од стратешките резерви, од кои половина ќе бидат дизел. Оваа одлука е дел од обврската што ја презедоа земјите во рамките на Групата седум, со цел ублажување на растот на цените на горивата на бензинските пумпи.

Европската унија почна дијалог со
операторите на рафинерии, со цел да го надмине недостатокот на домашни капацитети. Природниот гас е во моментов најскап во последните четири години, што се прелева и на секторот електрична енергија

Според проекцијата на Меѓународната агенција за енергетика, се очекува на глобалниот пазар на дизел да биде критично и во текот на голем дел од 2027 година. Во текот на изминатите две децении, една четвртина од рафинериите во ЕУ се затворени, што доведе до пад на вкупниот капацитет за 10%.

Најнови вести