Хаосот продолжува

Полицијата ги апсеше демонстрантите на плоштадот Бастилја во Париз

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полицијата ги приведе демонстрантите на плоштадот Бастилја во Париз откако со солзавец и водени топови ја растера толпата на крајот од уште еден ден од демонстрации на кои се бараат повеќе средства за образованието во земјата.

Министерството за образование соопшти дека 375 училишта биле целосно или делумно затворени во текот на вчерашниот ден. Иако бројот на затворени училишта е намален во споредба со почетокот на неделава, расте притисокот врз владата на претседателот Емануел Макрон.

Полицијата изврши повеќе од 6600 апсења од крајот на септември, откако студентите, повеќето од нив под 18 години, ги почнаа протестите со барање за повеќе средства и подобри услови во образованието. Властите обвинуваат дека ултранасилни групи се инфилтрирале во демонстрациите.

Најнови вести