Овој продолжен викенд и претстојниот празник ќе работи ПЕТ центарот, информираа од Министерството за здравство.
Во соработка со ПЕТ центарот оваа пракса ќе продолжи и за сите викенди и сите празници со цел да се намали чекањето на пациентите, а дијагнозата да биде побрзо достапна.
-Оваа реорганизација се спроведува за ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминативе две години, кога двојно ги зголемивме термините, изјави директорлата на центарот Невена Маневска.